Игор Стефановски Иџе славеше на ТЦР трката на Валелунга

Автомобилистот Игор Стефановски Иџе победи на патеката Валелунга во италијанскиот ТЦР шампионат. Ова е негова прва победа, откако во Имола го освои второто место на втората трка.

Македонецот кој вози ТЦР изведба на Хјундаи и30 повторно беше единствен странец во натпреварите од италијанското ТЦР првенство, а на крајот зад себе ги остави Џардели и Гвидети кои возат Хонда Сивик.

Стефановски стартуваше од пол-позицијата и го задржа првото место од почеток до крај на трката, со тоа стигнувајќи и до прва победа на Валелунга.

Стефановски се наоѓа на 10. место во генералниот пласман.

До крајот на првенството остануваат уште два викенда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.