Со играта „Sea Hero Quest“ до нови истражувња за деменцијата

деменцијата
И Македонски Телеком како дел од Групацијата Дојче Телеком има голем придонес во севкупните резултати на „Sea Hero Quest“. До сега, 20.508 граѓани од Македонија ја симнале играта, што претставува 10 отсто од вкупната популација  во државата.

Играта „Sea Hero Quest“ на Дојче Телеком е директен пример за културата на компанијата за дигитална одговорност и за лидерство во иновациите.  „Милиони луѓе обезбедија податоци за да помогнат во борбата против деменцијата. Овој огромен број на податоци, од безбеден cloud, ни помогна да им обезбедиме на научниците материјали кои им се итно потребни за врвно истражување, изјави Тим Хотгес, ГИД на Дојче Телеком.

Првичните наоди од анализата укажуваат дека нашите способности за навигација во просторот почнуваат да опаѓаат од почетокот на зрелоста (анализата на примерокот започна со лица на возраст од 19 години) и дека тие продолжуваат по оваа траекторија во текот на целиот живот (на пример, оние на 19 годишна возраст имале 74% веројатност точно да ја погодат целта во текот на играта, додека оваа бројка се намалува на 46% кај оние на возраст од 75 години). Овој напредок е во целосна спротивност со претходните студии од помал обем (големина на примерокот од околу 100) кои претходно сугерираа дека такво опаѓање се очекува во подоцнежниот живот.

Наодите укажуваат дека оние области во мозокот кои се суштински за процесите на навигација можат да бидат поподложни на деменција од областите кои ја контролираат меморијата. Затоа, сега станува возможно да се дијагностицира почетокот на деменцијата кај пациентите многу порано пред тие да појават какви било знаци на губење на меморијата. Со тоа, ќе се овозможи дијагноза и третман на пациентите многу порано со идни фармаколошки и нефармаколошки терапии.

При анализата на завршените „нивоа со испукување ракети“ (способност за севкупен увид на патеката со која се оценува способноста на играчот да посочи каде е почетокот на новата рута) во играта, мажите и жените покажаа дека користат различни стратегии за навигација во просторот за да го завршат нивото. Исто така пронајдени се клучни разлики кај народите од нордиските земји (Финска, Шведска, Норвешка, Данска) кои имаат особено забележливи способности за навигација во просторот во групата од 193 народи во светот кои учествуваа во примерокот.

Оваа инцијатива, за само неколку месеци, обезбеди најголем збир на податоци од ваков вид кои некогаш биле собрани. Сложените дигитални податоци кои ги генерира играта се чуваат на cloud кој потоа обезбедува основа за подредување и анализирање на податоците. Од тој извор, податоците им се ставаат на располагање на научниците. Cloud технологиите и даваат моќ на дигитализацијата, а дигиталните технологии се многу ветувачки за здравствениот сектор.

„Нашето дигитално искуство, комбинирано со научното знаење и искуството на нашите партнери, овозможија да се направи голем чекор напред во истражувањето на деменцијата. Првичните резултати од овој проект потврдуваат дека одиме во вистинската насока. Истражувањето е најефикасно кога е овозможено од иновативна меѓусекторска соработка како што е оваа. Сега со задоволство објавуваме дека го направивме овој чекор напред и сега работиме со научниците за да го адаптираме Sea Hero Quest за употреба во клинички услови“,  нагласи др. Аксел Вемајер, Извршен директор на Telekom Healthcare Solutions.

Како дел од овој следен чекор, „Sea Hero Quest“ сега може да се користи како поддршка на раната дијагноза на деменција, како и за да влијае на третманот на пациентите со деменција. Во текот на процесот, играта за мобилни телефони исто така ќе се искористи за да се мерат потенцијалните подобрувања на способностите на пациентите за навигација во просторот. Воведувањето на „Sea Hero Quest“ во клинички услови овозможува мерење на потенцијалните подобрувања на способностите за навигација во просторот. Затоа, потенцијално може да се користи во тестирање на лекови за да се оцени ефективноста од третманите со лекови.

Треба уште да се направат понатамошни анализи кои се очекува да завршат за две години. Понатамошните анализи на истражувањето исто така ќе оценуваат шест други демографски податоци кои беа следени од играта, вклучувајќи ги нивото на образование, која рака повеќе се користи, само-оценетата способност за навигација во просторот, географското опкружување во кое пораснале играчите, колку часови спијат и времето кое го поминуваат во патување во текот на денот. Влијанието од ова истражување сега изгледа подготвено за да направи вистински напредок во борбата против деменцијата која е светска епидемија којашто е предвидено дека ќе погоди 135 милиони луѓе до 2050 година. Играта и понатаму ќе биде достапна за преземање од App Store и Google Play, а податоците ќе се доставуваат до научниците кои ја истражуваат деменцијата.