Игуаин флертува со Барселона

Аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Гонзало Игуаин, додатно ги подгреа шпекулациите околу неговата иднина со сезнационалната изјава дека е среќен поради информацијата дека за неговите услуги интерес имаат покажано раководните лица на каталонскиот гигант Барселона.

Италијанските и шпанските медиуми во последните неколку недели ја форсираат информацијата дека Барселона подготвува официјална понуда за поранешниот напаѓач на Реал (М) и истата нема да биде помала од 45 мил. евра.

„Како прво, целосно сум фокусиран на Мундијалот во Бразил. Многу сум среќен што сум дел од репрезентацијата на Аргентина, што ја делам соблекувалната со овие прекрасни фудбалери. Нормално дека ќе бидам пресреќен ако на крајот, Аргентина ја освои светската титула. Барселона? Среќен сум поради информацијата дека сум желба на каталонскиот гигант. Нема таков фудбалер кој не би бил среќен доколку за неговите услуги интерес има покажано шпанскиот клуб”, изјави Игуаин.