Игуаин поднел молба за трансфер во Челзи

Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин е решен да се пресели во Челзи во јануари. 31-годишниот Аргентинец поднел официјално барање за трансфер во лондонскиот клуб, информира Sky Sport Italia.

Пред почетокот на сезоната, Јувентус го даде на позајмица фудбалерот во Милан за 18 милиони евра, со право на откуп во износ од 36 милиони евра.

Раководството на Челзи веќе преговара за трансферот на Игуаин по желба на менаџерот Маурицио Сари.

Тренерот на Челзи беше тренер на Игуаин во Наполи, каде голгетерот реализираше 36 погодоци за време на сезоната во 2015/16 – што е и рекорд за најмногу постигнати голови во една сезона во Серија А.

Ситуацијата е комплицирана поради фактот што „росонерите” не сакаат да го пуштат играчот без да имаат обезбедено негов заменик.

Постои опција, Челзи да го земе под наем Гонзало Игуаин за 18 месеци со можност за откуп. Меѓутоа, во овој случај, незадоволни ќе останат во Милано.