Фракцијата на Исланската држава (ИД) од египетскиот полуостров Синај му изразила лојалност на новиот лидер на терористичката органиација по смртта на Абу Бакр ал-Багдадо во Сирија, соопшти групацијата.
Синајската џихадистичка група Ансар ал-Вејт Макдис (Заштитниците на Ерусалим), пред повеќе од пет години ѝ изрази лојалност на екстремната сунитска организација Исламска држава, која крена вооружен бунт против египетските власти, објави форографии на дваесетина свои борци кои стојат меѓу дрвја со натпис на кој стои дека му се заколнале на верност на Абу Ибрахи, ал-Хашеми ал-Куреши. Ал-Куреши во четвртокот бил именуван за лидер на ултрарадикалната група во аудио порака со која беше потврдена смртта на ал-Багдади.
Исламската држава од март годинава, кога ја загуби последната поголема територија која ја контролираше во Сирија, започна со герилски напади, а по смртта на ал-Багдади ја презема одговорноста за низа нападио во повеќе. Судирот на Синајскиот полуостров ексалираше откако во 2013 година исламистичкиот претседател Мохамед Мурси неговото панисламско Муслиманско братство не можеа да се договорат за запирање на масовните протисти со илјада мртви, по што војската ги отстрани од власт. Египатските копнени и воздушни сили од почетокот на минатата година почна голема офанзива во покраината Северен Синај. Во оваа област продолжуваат и воените операции и нападите на милитантите.