ВМРО-ДПМНЕ ќе расправа за одбивањето на Резолуцијата од Заев, за да се пазари за идентитеските прашања

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница на Извршниот комитет ќе расправа за ставот на Зоран Заев кој првично ја прифати Резолуцијата таква каква што е, а сега ја одбива, информираат од пратијата.

„Тоа покажува дека Зоран Заев бара формална пречка за нејзино неносење, за да има простор да се пазари со идентитетските прашања и точките од најголемо од национално и државно значење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Отворањето на теми што не делат во однос на Резолуцијата, ја ослабнува македонската позиција во однос на позицијата кон Бугарија. Задача на владата во однос на ова прашање е да не обединува, а не да не разединува, Текстот на резолуцијата е напишан од врвните научни и образовни институции, УКИМ и МАНУ“.