Икарди останува во ПСЖ

Мауро Икарди, ПСЖ

Мауро Икарди сезоната ја игра како позајмен фудбалер во ПСЖ откако францускиот клуб му плати на Интер 13 милиони евра и доби можност да го откупи договорот за дополнителни 70 милиони евра.

ПСЖ беше задоволен од игрите на Икарди и одлучи да ја искористи можноста и да потпише перманентен договор со Аргентинецот но под услов Интер да ги намали барањата.

Како што пренесоа „Скај Спорт Итлаија“ и „Ле Паризиен“, преговорите напредуваа во изминатите 24 часа и договор конечно е постигнат.

Аргентинскиот „Оле“ пренесува дека трансферот на Икарди ќе изнесува 60 милиони евра, поточно ПСЖ ќе плати 50 милиони евра веднаш и дополнителни 10 милиони евра во бонуси.
Мауро Икарди оваа сезона одигра 31 натпревар за ПСЖ и постигна 20 гола.

Со овој договор конечно завршува сапуницата околу Маури Икарди и неговата иднина. Неговата сопруга и агент, Ванда Нара постојано изјавуваше дека дека Мауро ќе се врати во Интер и останатите две сезони од договорот ќе ги преседи на трибините бидејќи „нероаѕурите“ не сакаат да го продадат на најголемиот ривал, Јувентус.