Икарди се сели во Пари Сент Жермен

Иако целото лето одбиваше да го напушти Интер, сепак на крајот се согласи – Мауро Икарди се сели во Пари Сент Жермен.

Италијанските медиуми потврдија дека е постигнат комплетен договор и Икарди ќе се пресели во Париз на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.

Аргентинецот денес во 15 часот треба да пристигне во Париз на лекарски прегледи, а потоа и официјално да стави потпис на договорот.

„Скај Италија“ пренесува дека Икарди најпрво ќе го продолжи договорот на уште една година, а потоа ќе се пресели во ПСЖ на едногодишна позајмица.

ПСЖ следното лето ќе има опција да го откупи Икарди за 70 милиони евра.