Икона на Св. Пантелејмон му подари Заев на Вучиќ

Премиерот Зоран Заев му подари на српскиот претседател Александар Вучиќ икона со ликот на Свети Пантелејмон како благодарност за денеска доставените вакицни од „Фајзер“.

„На претседателот Александар Вучиќ му подарив икона од светецот Пантелејмон, кој своевремено целиот свој живот го поминал во лекувањето на болните и во служба на изнемоштените“, објави Заев на Инстаграм.

Заев и Вучиќ беа на ручек во една позната винарија по завршување на церемонијата за приемопредавање на вакцините на преминот Табановце.

Оваа информација на Инстаграм ја сподели Вучиќ, заблагодарувајќи се на гостопримството.

-Уживавме во добро вино и со претседателот на Владата на Северна Македонија договаравме заеднички проекти за иднината, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Со чаша вино во рака, Вучиќ позираше во винаријата, честитајќи им го празникот Свети Трифун на винарите и лозарите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.