Илјада години затвор за телевизиски проповедник во Турција

Турскиот суд во понеделникот го осуди исламскиот телевизиски проповедник и писател Аднан Октар на повеќе од 1.000 години затвор поради злосторства кои вклучуваат ораганизирање и водење криминална банда, измами и сексуално злоставвуање, пренесуваат медиумите.

Октар поседувал телевизиски канал А9 на кој водел емисии за исламските вредности. Меѓутоа, во една прилика емитувал танци со млади жени, кои излгедале како подложени на пластични операции, кои ги нарекувал „мачиња“, и пеел со млади мажи кои ги нарекувал свои „лавови“.

Истанбулската полиција го приведе Октар во јули 2018 година и од тогап, заедно со уште 77 сообвинети, беше држен во притвор. Вкупно истанбулскиот суд им суди на 236 осомничени.

Проповедникот и уште 13 најважни членови и на неговата група севкупно се осудени на 9.803 години и шест месеци затвор. Самиот Октар, обвинет по 10 точки од обвинението, добил точно 1.75 години и три месеци затвор.

Шеесет ичетиригодишниот Октар напишал повеќе од 300 книги кои се преведени на 73 јазици. Тој се претставува креационист кој ја отфрла дарвиновата еволуционистичка теорија.

Под името Харун Јахја напиша книга на 770 страници под наслов „Атласот на создавањето“ во којашто тврди дека Дарвиновата теорија за потеклото на видовите (еволуцијата) е во самиот корен на глобалниот тероризам.

Октар првпат го привлече вниманието на јавноста во 1990-те години кога беше објавен за водач на секта обвинета за повеќе сексуални скандали, а самиот тој за себе изјавуваше дека е „извонредо потентнен“. Една од жените кои се јавија како сведоци на судот, изјави дека Октар повеќепати сексуално ја злоставувал, како и многу други жени. Некои од жените кои ги силувал биле принудувани да пијат апчиња и средства за контрацепција.

На прашањето од судот за околу 69.000 апчиња за контрацепција кои полицијата ги пронашла во неговиот дом, Октар изјавил дека тие се користеле за лекување на проблеми со кожата и за нарушување на менструалниот циклус.

Неговиот онлајн телевизиски канал А9 започна со емитување во 2011 година, и беше цел на жестоки осуди од страна на верските водачи во Турција.