11.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Илјада уапсени демонстранти по осмум дена протести во САД

Насилството на протестите во САД опадна, но масовноста на улиците не се смалува.

Десетици илјади луѓе маршираа низ повеќе градови во знак на протест поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Еден од најголемите протести, на кои им се придружија роднините на Флојд, се случи во неговиот роден град Хјустон, каде присуствуваа 60 илјади луѓе.

Повредени се повеќе демонстранти и четворица полицајци во Сент Луси и во Лас Вегас за време на судирите со демонстраните.. Како што пренесува агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на неименуван висок функционер во Пентагон, припадници на воената полиција и инженерските единици се уште ја чекаат наредбата за зголемена приправност во областа на главниот град Вашингтон.

Според американските медиуми, синоќа биле приведени околу илјада луѓе..

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.