Илјадници евакуирани поради пожарот во Калифорнија

Воздушните сили и пожарникарите на теренот се борат со шумскиот пожар кој брзо се шири западно од националниот парк Јосемити кој во неделата прерасна во еден од најголемите пожари годинава и принуди илјадници луѓе на евакуација.

Поттикнат од исклучителните горештини и сувите шуми и нискостеблести предели пожарот Оак кој започна во петокот се приближи на помалку од километар до градот Марипос Пинес со околу 1.400 жители, но сѐ уште е повеќе од 16 километри оддалечен од Јосемити, познатиот национален парк по гигнатсктие древни секвои.

До неделата по локално време пожарот зафатил 5.780 хектари, повеќе од половина од големината на Париз и беше целосно надвор од контрола, според Калифорнискиот оддел за шуми и заштита од пожари (Cal Fire).

За повеќе од 3.000 луѓе е објавена е наредба за задолжителна евакуација. Ваквата мерка им се препорачува на уште 2.000 лица, што значи дека можеби и тие наскоро ќе мора да ги напуштат своите домови, соопшти портпаролот на противпожарната служба.

Пожарникарите се најуспешни воспоставиле противпожарни линии на западната страна на пожарот, но огнот исто така се шири источно кон градот Марипоса Пинес, во насока на Јосемити, изјави Џејкоб Макомб, началник на оперативниот оддел на Cal Fire.

Во паркот Јосемити, на час возење од округот Марипоса, растат некои од најголемите и најстари секвои на светот, Стеблата претходно во јули беа загрозени поради друг пожар, но пожарникарите успеаја да ги спасат со обложување на противогнени ткаенини.

По повеќе од две децении суша и сѐ поголемите температури Калифорнија поради шумските пожари е загрозена повеќе од кога и да е во историјата. Во двете најразорни години, 2020 и 2021 година, изгореле 2,75 милиони хектари.