Илјадници Германици повторно на протести против политиките за сузбивање на коронавирусот

Илјадници лица во саботата протестираа ширум Германија против мерките воведени поради ширењето на заразата со новиот коронавирус, а во некои случаи се собрале многу повеќе демонстранти од бројката која ја одобриле властите.

Во баварската престолнина Минхен на протесниот собир излегле многу повеќе луѓе од илјада лица, колку што одобриле градските власти. Полицијата на оние коишто ги пресметала за прекубројни не им го дозволила влезот на просторот предвиден за протестот на Терезиенвизе, каде што обично се одржува годишниот фестивал на пивото Октобарфест.

Градот Минхен дозволи протест од најмногу 1.000 луѓе, под услов да одржуваат растојание од 1,5 метри меѓу себе и да го почитуваат временското ограничување од два часа.

Прекубројните демонстранти останале на тротоарите близу местото на одржување на протестот, додека полицијата не започнала да ги растерува. Демонстрантите главно не биле насилни, пренесуваат медиумите.

Протестите се одржани и во неголку други градови во Баварија и во другите делови на Германија.

Десетици лица се собраа на одвоени протести во центѐрот на Белргад во саботата, а речиси 1.000 полицајци го контролирале почитување на мерките воведен поради коронавирусот. Само нема Алескандарплац се одржани четири различни протести. Полициајците просторот го оградија со ленти и внимаваа на една точка да не се соберат повеќе од 50 луѓе. Во оградените простори демонстрантите морале да стоја на меѓусебна оддалеченост од 1,5 метри.

Повеќе од 40 луѓе со звучнции и транспаренти протестираа против теориите на заговор поврзани со коронавирусот и за правата на мигрантите, додека неколку метри подалеку повеќе десетици протестираа против епидемиолошките мерки и можното задолжително вакцинирање.

Протест се одржа и на берлинскиот плоштад „Роза Луксембург“, каде и минатите седмици имаше протести против санитарно-рестриктивните мерки.

Во Штутгарт на протестите излегоа повеќе илјади граѓани, а властите дозволија само 5.000 лица на просторот предвиден за протестот.

Протести се одржаа и во централната држава Есен, а полицијата во Франкфурт одвај успеа да ги задржи развдовени демонстрантите и контрадемонстрантите. На секоја од страните имало по 1.500 демонстранти, според процените на медиумите. Едно лице е уапсени поради нацистички поздрав кој е незаконско во Германија, но и покрај повремените жестоки вербални препирки, не дошло до физичко насилство, според извештајот на локалната полиција.