Илјадници Индијци наместо вакцина примиле физиолошки раствор

63

Илјадници Индијци станал жртви на измама поврзана со лажни вакцини, а меѓу уапсените се лекари и друг медицински персонал, јавува CNN.

На најмалку 12 локации во Мумбај медицински работници вбризгувале физиолошки раствор ,вели Вишал Такур висок полициски службеник.

– Процените се дека 2.500 луѓе примиле лажна вакцина. Организаторите од лажните вакцини заработиле вкупно 28.000 американски долари – изјавил Такур.

Лекарите се уапсени. Досега се приведени 14 лица, а се очекуваат уште апсења.

Индија од април е зафатена од вториот бран на коронавирусот, заразени се милиони и починати се десетици илјади ширум земјата.

По пикот во јуни, бројот на дневни случаи почнал да опаѓа и притисокот на здравствениот систем попуштил, а власта успешно го зајакна програмата за вакцинација.

Лажното вакцинирање се случило при крајот на јуни и на почетокот на јули.

Власта почнала истрага откако луѓе се посомневале на потврдите за вакцинација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.