Илјадници лекари во Германија заразени со коронавирусот

Според Институтот „Роберт Кох“, во Германија со коронавирусот се заразени 2.300 лекари и негуватели, а тој број би можел да биде и поголем.

– Се претпоставува дека не се регистрирани сите случаи, соопшти Институтот како одговор на прашање на „Зидојче цајтунг“, телевизиите НДР и ВДР.

Овие податоци ги опфаќаат само вработените во болниците, а не и во лекарските ординации, лабораториите, домовите за стари лица и амбулантите.

И покрај бројните барања за пристап до информации од јавен интерес, новинарите во овие три медиуми не успеале да го утврдат точниот број на заразени медицински работници, затоа што локалните власти не водат таква евиденција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.