Илјадници работници може да останат без плата заради неспособноста на крими коалиција СДСМ/ДУИ

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ реагира дека е доведена  во опасност поддршката за плати за октомври за работниците погодени од ковид-19.

„Заради неспособноста и мрзеливоста на Владата на Заев доведена е во опасност поддршката за плати за октомври за работниците погодени од короната.
Законот сеуште не е стигнат во собрание, а треба да важи од 1ви ноември!
За ова реагирав уште минатата недела, еве денес потврда и реакција од Комората на сметководители.
Илјадници работници може да останат без плата заради неспособноста и мрзеливоста на Заев и старо-новата крими коалиција на лагата СДСМ/ДУИ“, напиша тој на својот Фејсбук профил.