Илјадници во редици чекаа бесплатна храна во богатата Женева

Повеќе од илјада луше чекаа во саботата во Женева во ред за бесплатна храм, што јасно укажува на влијанието на пандемијата на коронавирусот врз сиромашната работничка класа и имигрантите без документи дури и во богатата Швајцарија, пренесува Reuters.

Редот пред лизгалиштетот во Женева каде волонтери поделиле одколу 1.500 пакети со храна бил долг повеќе од километар, а луѓето почнале да се собираат уште во пет часот утрото.

„На крајот од месецот џебовите му се празни. Мораме да ги платиме сметките, осигурувањето, сѐ. Ова е извонредно, бидејќи иам храна за една седмица, една седмица ќе биде полесно… Не знам што ќе правам наредната седмица“, рекла Ингрид Нерала, жителка на Женева по потекло од Никарагва која работи со скусено работно време.

Во Швајцарија има повеќе од 8,6 милиони жители, од колу 660.000 луѓе според податоците од 2018 година биле сиромашни, според податоците на хуманитарната органзиацијата Caritas. Особено тоа се самохрани редители и слабо образовани луѓе кои не можат да пронајдат работа.

Ризикот од сиромаштија им се заканува на повеќе од 1,1 милиони луѓе во Швајцарија, што значи дека приходите им се помали од 60 отсто од просечните, а тоа за последниот службен податок за 2018-та изнесувал 6.538 швајцарски франци, но за полно работно време.