Илјадници во засолништа и една жртва од ураганот Урсула

Најмалку едно лице загинало на островот Лејт во централниот дел во налетот на тајфунот Урсула (со меѓународна ознака Phanfonе), јавува телевизијата CNN Philippines повикувајќи се на провицинскиот гувернер Леополдо Петил.

Во прилогот се наведува дека најверојатно причина за смртта на мажот бил електричен удар. Исто така, се истражуваат и информациите за уште една жртва од тајфунот.

Тајфунот Урсула ги погоди Филипини вечерта на 24-ти декември носејќи обемни дождови и налети на ветер во централниот дел на архипелагот во областите на процинциите Антика, Мидоро, Палаван, Аклан и Ромблон, објави сајтот на филипинската управа за атмосферски, геофизички и астрономски служби.

Според информацијата, тајфунот се движи со брзина од 20 километри на час, а брзината на ветровите во налетите достигнува до 54 метри во секунда.

Според извештајот на CNN Philippines, засега нема пријави за сериозни оштетувања на инфраструктурата. Во околу 80 села и 15 градови погодени од невремето проследено со поплави, превентивно биле извршени евакуации на жителите.

Филипинските медиуми известуваат дека во некои области е запрен поморскиот сообраќај, а повеќе од 23.000 луѓе се заглавени во пристаништата во регионот.

Според прогнозите на синоптичарите, тајунот ќе ја нашушти територијата на Филипини во петокот вечерта или во сабота.