Илјадници заинтересирани за забавата на плажа по повод Брегзит

33

Илјадници луѓе се заинтересирани да присуствуваат на забавата што се организира на плажа во Холандија по повод излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

До денеска, речиси 10.000 луѓе се пријавија преку Фејсбук за присуство на тој настан – гледање во морето од лежалки како Велика Британија се буди како „затворена институција“. Луѓето ќе уживаат во холандски чипс, француско вино и германско пиво.

Уште 63.000 луѓе се заинтересирани за журката на 31 октомври во местото Вијк ан Зе, 30 километри северозападно од Амстердам.

Според организаторите, за настанот во медиумите има и негативни и позитивни коментари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.