Илјадниците Иранци ја одбележуваат третата година од американскиот атентат врз генерал Сoлејмани

Илјадници Иранци во вторникот излегоа на улиците ширум државата на одбележувањето на третата годишнина од атентатот ве генералот Касем Сoлејмани, во американски напад со дрон на меѓународниот аеродром во ирачката престолнина Багдад.

Генералот Сoлејмани, командант на елитните сили ал-Кудс, беше убиен на 3-ти јануари 2020 година со американско беспилотно летало во Багдад. Тој беше сметан за креаторот на многу операции на иранските безбедносни служби и сили особено во регионот на Блискиот исток каде ги попречуваше американските намери.

Голем број луѓе излегле на улиците на неговиот роден град Керман, пренесуваат иранските медиуми.

На церемонијата во главната техеранска џамија говорел и иранскиот претседател Ибрахим Раиси, најавувајќи одмазда за САД и за „арогантните сили“, пренесува иранската новинска агенција IRNA.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдплахјан по повод на третата годишнина од убиството на Сулејмани објави дека Иран ги информирал САД за правните мерки кои ги преземал преку швајцарската амбасада во Техеран која ги застапува американските интереси во оваа блискоисточна земја.

Истакна дека министерството ќе стори сѐ што е во неговата моќ да ги изведе „американските виновници и терористи“ пред лицето на правдата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.