Илчо Наумовски преговара со ФК Вардар

67

Познатиот спортски весник во нашата земја, “Македонски Спорт”, денеска ја пласираше информацијата дека поранешниот репрезентативец на Македонија, Илчо Наумовски, ќе биде најновата зимска аквизиција на актуелниот шампион, ФК Вардар.
Истиот весник откри дека преговорите помеѓу агентот на Наумовски и раководните лица на ФК Вардар се во завршна фаза и дека во следните неколку дена, искусниот напаѓач ќе биде претставен како најнова аквизиција.
Наумоски во моментов е слободен играч, а во претходните шест месеци настапуваше за Интер Баку. Поголемиот дел од својата кариера Наумоски го помина во австрискиот Матерсбург.
Репрезентативниот дрес го има носено на 45 натпревари, а има постигнато 9 погодоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.