Илегални мигранти настрадаа во сообраќајна несреќа кај Демир Капија

На aвтопатот Демир Капија – Неготино, во непосредна близина на ТЕЦ „Неготино“, вчера околу 13.30 часот се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „сеат леон“, со штипски регистарски ознаки, управувано од A.O.(20) од Р.Турција, удрило во оградата на автопатот.

-При извршената контрола на патниците во автомобилот се пронајдени три лица мигранти од Р.Турција. Во непосредна близина се затекнати уште две лица од Р.Турција, со патничко возило „пежо 307“, со штипски регистарски ознаки, за кои постои основано сомнение дека се вклучени во криумчарење на мигранти. Бил извршен увид на местото на настанот, информира МВР.

Лицата се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.