Mилијардерот се откажа од барање девојка за патување на Месечината

Јапонскиот милијардер и плејбој Јусакуа Маезава се откажа од идејата да бера девојка којашто како животна сопатничка би му се придружила на патувањето на Месечината, тврдејќи дека повеќе не е сигурен во оваа идеја.

Четириесет и четиригодишниот Маезава, кој ја продаде својата онлајн модна продавница „Zozo Inc“ на конгломератот „SoftBank Group“, на својот профил на Twitter на 12-ти јануари објави конкурс за девојки, од која една би станала негов животен сопатник и би полетала со него на Месечината. Исто така, таа требаше да учестува во шоуто кое требаше да се прикажува на стриминг сервисот AbemaTV.

Маезава то го нарече проект „за поврзување за сериозна врска еден на еден“. Кандидатките не смееја да бидат мажени, требаше да бидат постари од 20 години, позитивно настроени и весели. Покрај тоа, тие требаше да се подготвени сериозно да им пристапат на подготовките за летот. Требаше и да сакаат да уживаат во животот, да умеат да го искажат своето мислење пред Маезава и да сакаат мир во целиот свет. Конкурсот траеше само до 17-ти јануари.

„Откако започнаа да ме обземаат чувстватра на осаменост и празнина, размислувам само за една работи – љубовта кон жена“, напиша тогаш Маезава на веб-страницата за пријави.

На неговиот повик одоговориле 28.000 жени, но милијардерот во четвртокот објави дека се откажал. „Дел од мене сѐ уште се двоуми околу учеството“, твиташе Маезава.

Маезава е многу познат во Јапонија не само како успешен претприемач, неговото богатство се проценува на 3 милијарди долари, и како страствен колекционер, туку и како плејбој кого особено го привлекуваат младите актерки. Јапонските медиуми пишуваат дека ниедна од неговите врски не траела подолго од две години, оти Маезава никогаш не стапил во брак но има три деца од различни жени. Во споменатото интервју за јапонската телевизија тој призна дека не се оженил не затоа што не сакал, туку затоа што „во тоа не гледа смисла“.

Во 2018 година Маезава објави дека може на вселенското патување на Месечината да ја земе својата тогашна партнерка Горики Ајаме, познат јапонски модел и актерка. На почетокот од ланскиот декември во интервју за едена јапонска телевизија, милијардерот објави дека ја прекинал врската. Главната причина за тоа било тоа што 27-годишната Горики не можела или не сакала целосно да учествува на подготовките за летот, туку повеќе сакала да работи како актерка. 44-годишниот милијардер објасни дека своевремено сакал да се ожени со неа, но поради разликите во ставот за патувањето на Месечината, нивните патишта се раздвоиле.

На заедничката прес-конференција со Маск на 18-ти септември 2018 година, Маезава објави дека ќе поведе со себе шест до осум претставници на разни видови уметност: филмски режисер, актер, музичар, ликовен уметник, фотограф и моден дизајнер.