Илиеска: Прогресивното оданочување во ваква криза треба да се одложи

Од први јануари 2023 година треба да се воведе прогресивно оданочување за кое сите релавантни чинители рекоа дека во економска, енергетска криза не е време за вакви работи, рече Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 24.

„Зголемување на данокот на личен доход или прогресивно оданочување или за одредени видови приход за кои се плаќало данок 10 проценти ќе се оданочуваат 15 или 18 проценти. Дополнително од Буџетот може да се види дека владата планира зголемување на даноците и препознавам дека сите релевантни чинители од стопанството алармираа дека сега не е време за зголемување на даноците и беше поднесен амандман за одложување на прогресивното оданочување кој не помина, ама пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе поднесат амандман за одложување и предлог од каде да се најдат средства за предвидените или планираните“, укажа Илиеска.

Сепак според неа се уште не е јасно кои производи од оние кои се со повластена даночна стапка од 5 проценти ќе се даночат со општа даночна стапка од 18 проценти тука е храна, вода, превоз,земјоделска механизација, комјутерска опрема.

„Не верувам дека тоа ќе се случи за храната“, додаде Илиеска.

Илиеска се осврна на Буџетот и рече дека реализацијата на капиталните инвестиции е многу мала за годинава, а се предвидуваат повторно за 2023 година

„Ми смета кога се планираат капитални инвестиции, а претходната година е многу мала нивната реализација, а се проектираат многу повисоки. Или нивната реализација претходната година беа 600 милиони, а годинава 800 милиони. Со ребалансот ги намаливме тие 600 милиони за 100 и нивната реализација е 40 проценти за 2022 година до октомври“, рече Илиеска.