Илиеска: Во Буџетот за 2023 година има многу средства за непродуктивни трошоци, а потребни се сериозни мерки за инфлацијата да не расте толку

Реализацијата на капиталните инвестиции е многу мала за годинава, а се предвидуваат поголеми за 2023 година, рече Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашнпто гостување на телевизија 24.

„Ми смета кога се планираат капитални инвестиции, а претходната година е многу мала нивната реализација, а се проектираат многу повисоки за 2023. Или нивната реализација претходната година беа 600 милиони, а годинава 800 милиони. Со ребалансот ги намаливме тие 600 милиони за 100 и нивната реализација е 40 проценти за 2022 година до октомври“, рече Илиеска.

Според неа непродуктивните трошци во криза треба да бидат намалени.

„А во случајов имаме зголеми трошоци по однос на плати, стоки и услуги повече од 2022, патните трошоци исто се зголемени, договорните услуги исто така се зголемени“, укажа Илиеска.

Сите зборуваме за ЕУ и велиме дека правиме се за да ја намалиме корупцијата и организираниот криминал, рече таа и додаде, а за стапката за јакнење на правото во Буџетотт за 2023 година планирани се еден милион денари и имаме намалување за 50 проценти поради тоа што во потпрограмата организиран криминал има нула денари.

„Зошто реално не се кажува дека имаме пари за оваа намена“, праша таа.

Илиеска се осврна на инфлацијата која достигна речиси 20 проценти.

„Земјите во регионот сите имаат пониска инфлација. Ние сме во првите десет земји со голема инфлација и жал ми е што е така. Цените се зголемени на храната, потоа на облеката и други производи и сакам да потенцирам дека сиромашните се најпогодени од инфлацијата. Храната зазема најголем удел затоа е така. Се сомневам дека следната година ќе биде полесна година. Мислам дека треба посериозни мерки за инфлацијата за да не расте“, кажа Илиеска.