Илиески: Весникот Ла Верита објави за скандалот во СЈО, не би го потценил неговиот кредибилитет

Богдан Илиески – Бетмен во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија вели дека никако не смее да се потцени весникот Ла Верита кој што денеска објави нов скандал поврзан со владата на СДСМ околу набавка на кинеските вакцини, бидејќи како што рече токму истиот медиум објавувајќи скандали со поранешното Специјално јавно обвинителство го урна истото.

Ла Верита беше истиот медиум кој што го урна СЈО, така да не би го потценил кредибилитетот кој што го има виз а ви оние работи кои што ги објавија и ова што го прочитав утринава е прилично скандалозно, вели тој.

Илиески посочи како е можно фирма медијатор да има кредибилитет да посредува за набавка на вакцини на Македонија од Кина, а не владата на СДСМ.

-Скандалозно е според мене што досега мислев дека немаме вакцини во Македонија затоа што се елементарно неспособни да ги набават, но од денеска и една имаме и една друга опција како можна а тоа е дека дури и со набавката на вакцини не се калкулира само со оние геополитички мненија на премиерот и на луѓето околу него, каква земја сме биле, во кој сојуз сме членувале, па дали требало да набавуваме вакцини од ваму и таму, туку дека за жал и трагично може и бизнис е во прашање, нагласи тој.

Тој вели дека може не се случило зделка но можеби имало обид да се случи зделка.

-Јас еве би го поставил како прашање како е возможно преку фирма медијатор, некоја фирма од Хонг Конг која што не ја знаеме, таа фирма да има поголем кредибилитет од влада на една држава. Тогаш дај таа фирма од Хонг Конг нека ни ги води сите други работи, сите други ресори ако е поспособна од влада на една суверена држава да набави вакцини. Значи тука е првиот црв на сомнеж, вели Илиевски.

Во однос на набавката, Илиески изјави дека според она што го слушнал е дека за доза од 200.000 кинески вакцини се планирало да се исплатат над 12 милиони евра или поделено по 60 долари за доза, а како што нагласи тој од она што го пребарал по интернет за поголема набавка на вакцини од Синофарм вакцините чинеле 30 долари.

-Уште една работа што ја слушнав е дека се работи за договор од околу над 12 милиони евра, ако имаме предвид дека првично ќе набавиме 200.000 вакцини од Синофарм или 12 милиони поделено со 200.000 околу 60 долари по доза. И по едно мало пребарување на интернет од неколку извори најдов дека во поголеми дози набавени вакцините чинат 30 долари од Синофарм и тука ми се јавува сомнежот и не сакам да верувам но во Македонија мораш да си спремен да веруваш во се дека некој сакал дупло повеќе да ги набави кинеските вакцини и затоа се наоѓани и измислени некакви фирми од Хонг Конг, изјави Илиески.