Илиевски: Аферата со пасоши може да влијае на безвизниот режим

Богдан Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за аферата со пасоши кој ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена и посочи дека оваа афера може да влијае на безвизниот режим.

-Оваа афера, јас искрено како граѓанин на Република Македонија се надевам дека нема да доведе до никакво нарушување на безвизниот режим бидејќи тоа е една од посветлите работи кои што ни се случија изминатите 10 години. Но, морам да забележам дека за жал и самото ставање во контекст на оваа можност денеска е за жал уште еден доказ за огромната неспособност и лошо менаџирање на сите процеси во Македонија од страна на оваа власт. Ова не го зборувам јас со задоволство, на ден има по 5 работи кои ја скандализираат јавноста, од нив 1-2 жестоко ја скандализираат не само јавноста во Македонија, туку и регионот и уште пошироко. Надвор од умот е како успеавме да дојдеме во ваква ситуација да испадне дека на сликарот на пасоши во Бутел најдобри другари му се пола наркомафијаши од Европа. И на крај акцијата на МВР следи, еден ден по објавата, а нели истрагата траела еден месец, година, па две години веројатно и во времето кога вие најавивте дека ќе го издигнувате МВР, веројатно и тогаш се издавале пасоши на овој начин. Ако некој знаел и не преземал ништо е сериозен криминал, но ако не знаел, а се случувало е доказ за неспосбност, рече Илиевски.

Илиевски во своето гостување го потсети својот соговорник Стојанче Ангелов кој е владин функционер дека кога е на власт не бара одговорност за вакви скандали кои се случуваат во државата.

-Едно време вие господине Ангелов баравте одговорност, ама денес не барате одговорност, денес барате комисии и сега службениците биле криви во Бутел. За кратовскиот случај некој службеник испаѓа крив. И јас не можам да го разберам ова, додаде Илиевски.