Илиевски: Бучковски нема да ја заврши работата како што треба во однос на Бугарија

Богдан Илиевски, во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за целата ситуација на Република Македонија со Бугарија и назначувањето на Владо Бучковски за специјален преговарач во однос со Бугарија. Илиевски во своето гостување истакна дека според него Бучковски нема да ја заврши работата онака како што треба во однос на Бугарија.

„Малку е трагикомична таа ситуација околу господинот Бучковски, комичен ми е мене а и трагичен делот во оние интервју кои му ги преслушував откако го назначија за нов специјален преговарач, утредента станал амбасадор во Софија, потоа дознавме дека добил ангажман на некои бугарски факултет и тој самиот кажуваше дека се осеќа како дома и тоа може да се забележи со нивната минисерка за надворешни работи, како се насмеани како буквално да прославија. Сликата би била доколку прославија одобрување на преговарачката рамка за Македондија без оние уцени и насилничко однесување на нашиот источен сосед. Меѓутоа нели една слика илјада зборови. Граѓаните сами ќе си оценат што се крие позади тоа. Јас искрено не сум убеден дека новиот специјален преговарач на Македонија со Бугарија ќе ја заврши работат онака како што треба“, потенцираше Илиевски.