Илиевски: Дали СДСМ ќе прави спот за однесувањето кон Мизрахи, за незаконските вработувањња или пак за однесувањето на Заев

Богдан Илиевски на Фејсбук излезе со коментар за лапсузот што го направи дополнителната заменичка за Јавна администрација Невенка Стаменковска и за најавите на СДСМ дека ќе прават спот по тој повод.

Илиевски прашува дали СДСМ ќе прави спотови за пораките кон министерката Мизрахи, или пак за срамотното однесување на Заев, како и за незаконските вработувања.

1. Дали направи СДСМ спот од пораките на членови и активисти на партијата кон министерката Мизрахи?

2. Дали знаат во СДСМ кој им е претседател? Знаат ли дека не спот, туку серијал подолг од Касандра може да се направи ако се соберат сите гафови на нивниот (ваљда) најдобар човек?

3. Дали знаат во СДСМ дека серијал колку две Касандри може да се направи ако се одберат сите видео парчиња каде нивниот првенец кажува лаги или ветува нешто што не го остварил?

4. Знаат ли како изгледа кога го одмолчуваш однесувањето на премиерот кој ја претставува т.е. резили државата со своето однесување на домашна и меѓународна сцена, а активираш фул артилерија на жена која на втор работен ден прави ситна лапсус-лингва на прес конференција?

5. Знаат ли како изгледа кога се обидуваш да поклопиш тема за 4 и кусур илјади незаконски вработувања, со вакви седмокласни видеа и со очајно тролање на темата?

6. Има ли психијатар во авионот да им протолкува што значат ваквите агресивни напади кон две нови дами во владата од нивниот прв ден?