Илиевски до Јовановиќ: Си пишувал дека ќе ги прекршиш од ќотек Златев и Латас, дали уште стоиш на тоа?

Во вечерашното гостување во жестока дебата помеѓу Богдан Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Ненад Јовановиќ жесток поддржувач на политиките на владата на СДСМ и премиерот Зоран Заев во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, Илиевски го праша Јовановиќ дали е насилен или не, бидејќи на фејсбук напишал дека ако ги сретне новинарите Љупчо Златев, Драган Павловиќ Латас и другите новинари од Сител ќе ги „прекрши од ќотек“ само затоа што објавиле сторија за неговата невладина организација.

Сакам да те прашам дали си насилен или не? Ако го сретнам Љупчо Златев, Драган Павловиќ Латас и останатите сителовци и правдољубци ќе ги прекршам од ќотек со неколку десетици шамари од кои мајчица Русија нема да ги препознае, вели Илиевски читајќи фејбук статус на Ненад Јовановиќ.

На ова Јовановиќ одговори дека да стои на тоа бидејќи неговата невладина организација била под директен атак бидејќи не фактурирале 100 евра.

„Стојам на тоа и знаеш зошто стојам на тоа и тоа е напишано во самоодбрана бидејќи ние со нашата невладина организација бевме под директен атак на тие јуришници кои што ти беа премиери, претседатели, УБК и не гонеа за на крај да се испостави во УЈП дека имаме нефактурирани доволно 100 евра“, вели Јовановиќ.