Илиевски: Институциите да покажат дека се функционални, а не под закана на сила

186

Луѓето реагираа, се сензибилизираа и беа малку наелектризирани, односно, вознемирени од она што дознавме дека се случува во Собранието, објасни Богдан Илиевски од „За заедничка Македонија“ во „Отвореното студио“ на ТВ Нова за настаните од четвртокот.

Додаде дека кога дошле пред Собранието „капак на сé“ бил обидот за вонзаконско гласање за избор на ретседател на Собрание.

„Сите знаеме што се случи внатре во Собранието, и ако нема правен епилог за тоа значи дека или ние лажеме или некој друг“, рече Илиевски.

Оцени дека институциите мора да покажат дека се функционални, и дека не се заведени од политички пиарови, како и дека не се под закана на сила од кој и да е за да си ја работат својата работа.

„Мора да се договориме, или има закони, или нема да има“, истакна Илиевски.

Богдан Илиевски и Борис Дамовски од иницијативата „За заедничка Македонија“ гостуваа во „Отвореното студио“ со Анита Петровска Рајковиќ на тема „Државата не функционира – граѓаните со тужба“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.