Илиевски: Иванов вчера потврди дека ќе ги брани државните и националните интереси на Македонија

105

По триесет и седми пат сме тука пред оваа канцеларија, која што пред некое време беше уништувана и кршена, а ние ја отворивме и украсивме со нашето знаме кое го ставивме и денеска, изјави Богдан Илиевски од иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, вечерва од пред канцеларијата на претседателот Иванов.

„И денес и тука сме да му одадеме почит на претседателот Ѓорге Иванов кој што и вчера при средбата со Туск јасно и гласно повтори дека ќе ги брани државните и националните интереси на Македонија и нема да даде да се формира на влада која нема да се откаже од Тиранската платформа. Го охрабруваме како и секој ден и не смее да попушти ниту на еден протисок“, рече Илиевски.

Во моментов граѓаните од пред канцеларијата се упатуваат кон собранието на Република Македонија, а освен во Скопје протести се одржуваат и во над 40 други градови и села ширум целата Република.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.