Илиевски: Клучен проект е целосна реконструкција на подрачното училиште во населбата Иго Тричковиќ

Кандидатот Оливер Илиевски денеска беше на средба со жителите од населбата Иго Тричковиќ, каде одржа прес конференција пред подрачното училиште на ООУ „Христијан Карпош“.

„Клучен проект за оваа населба е решавање на имотно-правниот проблем со објектот на подрачното училиште „Христијан Карпош“, како и целосна реконструкција на истото. Предвидуваме уредување и оградување на училишниот двор и опремување со реквизити, како и изградба на мултифункционално игралиште.“ – истакна Илиевски.

Потенцираше дека Владата предводена од СДСМ само во образованието во Куманово инвестираше 3.4 милиони евра, за реконструкција на училишта низ општината. а дека тој како градоначалник, во мандатот 2021-2025 се обврзува тие инвестиции да бидат 6.5 милиони евра.

„До крај на мандатот секој ученик да има модерно училиште , а наставниците да ги мотивираме со подобри услови за работа. Време е сите училишта во градот да бидат реконструриани и секое од нив да добие спротска сала и игралиште. Само така ќе обезбедиме квалитетно образование.“- заврши Илиевски