Младите да ја преосмислат иднината

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски и Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), беше најавен заедничкиот проект „Преосмисли ја иднината“, чија цел како што стои во иницијативата на децата и на младите да им се даде простор да се вклучат во дефинирањето на визијата за иднината што ја сакаат за себе и за идните генерации… Па, претседателот Пендароски ќе рече:

„Денешната генерација на млади се соочуваат со голем број предизвици. Но, истовремено тие се најинформираните и најдигитализираната генерација во нашата историја која има уникатна прилика да направи нешто за својата иднина. Наша должност е да ги слушнеме нивните ставови, затоа што  нивните идеи се важни…“.

Мошне добро срочено и кажано од страна на претседателот Пендаровски.

Да го потсетам претседателот Пендаровски

Претседателе, да Ве потсетам за загрижувачката состојба за младите дека: „над 44,7 отсто од младите луѓе во земјава се невработени, тие се’ повеќе одлучуваат да мигрираат во развиените земји. Македонија веќе остана без четвртина од своето население, додека ова тенденција може да се зголеми имајќи ги во предвид искажаните желби на младите студенти дека сакаат да ја напуштат државата по завршувањето на студиите“, (според магазинот „Економист“).

Понатака, според „Економист“ – „Македонија се наоѓа на третото место во светот според стапката на невработеност на млади луѓе од 15 до 24 години. Само Јужна Африка со стапка на невработеност кај младите од 52,9 отсто и Босна и Херцеговина со 46,7 отство се пред Македонија“.

Ова е поразителна статистика која што го објавува „Економист“. Македонија е трета во светот со стапка на невработеност од енормни 44,7 проценти.

Во земјите во регионот, Србија е позиционирана далеку подобро од Македонија, односно 16 места подобра – на 19-то место со стапка на невработеност кај младите од 32,1 отсто. Албанија е 21-ва со 31 отсто, Црна Гора 26-та со 29,1 отсто, Хрватска на 34-та со 25,5 отсто“.

Исто така, загрижувачка е и вашата изјава претседателе на овој план цитирам:

„Да не сум претседател, и јас би се иселил од својата држава, која просечна плата во земјата е 400 евра“ (изјавена на Регионалниот форум на млади лидери во Нови Сад (2019).

Со вашата изјава, каква перспективност и мотивираност испраќате?

На ова што да се каже, бесперспективност за младите. Кога гледаат дека не функционираат правните институции, кога царува криминалот и корупцијата во секој сегмент од општесвеното живеење и делување.

Претседателе дали слушна за детето Дамјан она генијалното детенце од Штип, кој на средношколски математички натпревар како осмооделенче освоил прво место. Но, поради некои „правни глупости“ на МОН, Дамјан неможе да ја добие заслужената награда? Младите ви поставуваат прашање, за какво образование се залагаме?

Полна и е устата на Цароска за квалитетно образование, креативност, творештво… Претседателе што правиш за Дамјан и други како Дамјан кој што ги има во Македонија, ама се од обичен социјален статус? Одговорот на младите е јасен „си одиме таму каде што може да се реализираме и бидеме соодветно третирани и исполнети како млади“. Младите ги гледаат и различните аршини за оние кои се од  пониските социјални слоеви и оние недопирливите, добивање на различни стипендии или некои добиваат награди за величење на УЧК за „патриотски песни“, а за Дамјан и други како него нема награда. Сега претседател Пендаровски, кажете, каде е перспективата и иднината на младите бегаат од својата татковина Македонија.

И на крај која е перспективата на младите кога гледаат за Индексот за перцепција на корупцијата (ИПК) во 2020 година, Македонија бележи најниски резултати и најниско рангирање. Македонија се наоѓа на 111 место со 35 поени од вкупно рангираните 180 држави од целиот свет. Во последниве две години 2019 и 2020 година бележи пад од 106 место на 111 место. Коруптивноста на институциите во Македонија, коруптивноста на судството, високата корупција и недопирливи за органите за прогон, партизирање и пазарење во постапките за вработување и слично.

Господ напомош!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес