Илиевски: Народот е кичмата на Република Македонија која мора да остане исправена

-Деновиве читаме и слушаме разни работи. Едно е желба, друго е мандатарна работа која некој мора да ја направи според протокол. Меѓутоа нас не нè интересира што некој мора да направи според протокол, доколку писмата кои ги добива се нелегитимни. Нека се допишуваат претседателот  со Талат Џафери колку што сакаат, не по две писма, по 202 нека си пратат, но ниту еден од двајцата особено Ѓорге Иванов не смее да заборави дека оној човек е избран кршејќи ги сите можни процедури и Уставот. Се додека тоа го знае претседателот Иванов ќе доаѓаме, ќе застануваме тука и ќе му порачуваме да не ја витка кичмата пред никој, пред никакви бирократи, мисионери, дипломати. Ова (народот) е кичмата на Република Македонија и мора да остане права, а главата гордо високо крената. Претседателе, не нè оставајте, истакна Илиевски.