Илиевски се огласи по лажните вести: Сакаат да демотивираат и уплашат, но дополнително мотивираат и енергизираат

103

Во врска со лажните информации објавени во медиумите под контрола на Сорос, за тоа дека МВР бара притвор за организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, на социјалните мрежи се огласи Богдан Илиевски кој е еден од нив и директно посочен од медиумските поддржувачи на Тиранската платформа.

„И уште една работа – ваквите фејк њуз дека МВР барало притвор за мене, Борис, Дурло и мистериозното лице Д.Х. имаат за цел да демотивираат и уплашат, посебно пред периодот во кој нелегитимните бирачи на претседател на Собрание ќе сакаат да бираат нелегитимна влада, а за тоа им треба што понемотивиран и уплашен народ кој е против нивните игранки.

Она што во последно време зачестува е грешната проценка на опонентите кои мислеа дека ќе сме на улица 3 дена и ќе си идеме дома, на пример. Односно, дека наместо демотивирање, дополнително мотивираат и енергизираат 🙂

МВР може едино да не викне на разговор, бидејќи сме биле таму. Овде дело – њама, другари.

Најзад, отворам анкета, кое е мистериозното лице со инницијали Д.Х. кое во фејковачите на Геро и Макфакс стои покрај иницијалите Б.Д, Б.И и И.Д….

а)Дарко Хмијалковски
б)Дхтеон Хџинго
в)Делена Хмисиркова
г)Дванчо Хпетрушевски
д)Двасил Хвафирчев
ѓ)Дљубиша Хгеоргиевски
е)Дсаво Хклимоски
ж)Дгоран Хстојановски
з)Двиктор Хпетров – ДХвикса“, порача од Илиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.