Илијадници читатели се дружеа со македонските писатели

168
матица

Во изминатите денови илјадници посетители се дружеа со Вера Калин, Ксенија Николова, Ана Бунтеска и Евгениј Хоуп. Нивните дела се потпора на столбовите на модерната македонска литература и култура. Булеварот на книгите со денови зрачи од насмеани лица исполнети со возбуда додека пенкалата на авторите ги потпишуваат своите дела. Сите се забавуваат и ја споделуваат љубовта кон пишаниот збор. Бунтеска го прослави и својот роденден со читателите и посетителите во атмосфера која ретко се повторува.

Ana Bunteska (5)

Саемот се уште трае и останува возбудата за сите кои ќе одат на Булеварот на книгите да се запознаат и со Марија Лозаноска и Јован Илиески. Љубителите на книгата се поканети да се запознаат со овие исклучителни автори. Марија и Јован се сосема спротивни во стилот на пишувањето, но се водени од истата љубов за споделување на емоции и приказни.

Evgenij Hope (4)

Лозаноска потпишува во петок, 27.01.2017, а Јован во понеделник, 30.01.2017, и двајцата во 18.00 часот и секој може да ги посети и лично со нив да ја сподели желбата за читање и пишување.

Ksenija Nikolova

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.