„Илинденска“ под вода, пукнала водоводна цевка (ФОТО)

Вечерва булеварот „Илинденска“ во близина на трговскиот центар „Сити Мол“ е под вода.

За големата поплава од Градот Скопје известија дека пукната е водоводна цевка F400.

Водата со голема брзина се разлеа по булеварот, што предизвика хаос во сообраќајот, а кога екипите на „Водовод и канализација“ го исклучија притисокот, водата се повлече, а улицата се исполни со кал.

Дел од булеварот Илинден е затворен за сообраќај, а жителите на повеќе улици останаа без водоснабдување.