Илиоски до Заев: Како планирате македонскиот празник Илинден да се слави со друга држава

Во вашиот говор кога ги образложувте вашиот предлог и дел од биографијата на замениците министри се повикавте на големи зборови кои што во последно време доста често ги слушме од васт како што се, дебата инклузивен процес, транспарентност и се надевам дека тие зборови ќе бидат преточени и во дело, истакна пратеникот од ВРМО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски на денешната собраниска седница.

„Јас, сепак, би се навратил на прашањето коешто го загатна мојот колега Антонио Милишоски, во врска со вашата последна посета на соседна Бугарија. Сами рековте дека ќе биде транспарентен, самиот рековте дека ќе бидете отворени за дискусија и би сакал сепак да ми одговорите на прашањето коешто го загатна мојот колега , што мислите за ставовите на вашиот заменик министер за надворешни работи, којашто јавно ги изразуваше во јавноста“, потенцираше Илиоски.

Го праша премиерот Зоран Заев дали заменик-министерот за надворешни работи ќе се држи до ставовите и ќе не нарекува ФИРОМ или ќе го смени мислењето.

„Граѓаните на Република Македонија заслужуваат да знаат какви договори ќе се потпишат со Бугарија, што точно е ветено и на кој начин се планира заедно да се слави македонски национлен-револуционерен празник Илинден со друга држава“, запраша Илисоки и додаде дали Заев сметата дека националниот празник Илинден не е наш и припаѓа на друга држава.