Илиоски: ОТА да се придржува до своите надлежности и да обезбеди комуникациска безбедност

На денешната седница на Собранието на Република Македонија се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.

Тој образложи дека Оперативно техничката агенција – ОТА е самостоен и независен државен орган кој треба согласно сопствените ресурси да овозможи квалитет на комуникацијата помеѓу операторот и другите органи, кои врз основа на судски постапки и одлуки се користат за следење на комуникациите.

Илиоски напомена дека ОТА треба и мора да одговара за добрата состојба на апаратурата која што се користи за следење на комуникациите, односно целата електронска опрема која што се наоѓа во институцијата, како и да не дозволува внатрешни или надворешни фактори да влијаат на нејзиното функционирање, односно спроведување на процедурите согласно потребите и законите.

„Електронската опрема која што се наоѓа во институцијата не едноставна опрема и истата мора редовно да се контролира и сервисира. Не смее да се дозволи било кој сегмент од нејзиното работење да затаи или да откаже. ОТА е сериозна инситуција која треба да обезбеди сигурност во комуникациите. Во моментов сме сведоци на тоа дека надлежни кадри од институцијата пријавиле несигурност, односно недоволна ефективност во работењето, што придонесува за сомневање дека можеби некој некогаш може да ја искористи ОТА”, вели Илиоски.

Поради предизборните случувања и целата кампања, ОТА мора да биде во полн ефект и да овозможува целосна контрола врз комуникациите и се она што се случува внатре во неа. Комисијата која што ја дискутираше ОТА констатираше дека мора да се цели кон доразвивање на институцијата и придонесување во полза на нејзиниот кредибилитет, заврши Илиоски.