Илиоски: Три нови кружни текови и велосипедски патеки за побезбедно движење во Битола

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Битола, Зоран Илиоски , истакна дека во својата програма предвидува неколку инфраструктурни и сообраќајни мерки кои ќе значат побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ градот и истовремено намалување на емисијата на штетни издувни гасови од моторните возила.

„Ќе направиме целосна промена на сообраќајниот режим согласно веќе изработената Сообраќајна студија со воведување нови еднонасочни улици. Ќе изградиме три нови кружни текови на крстосницата кај Техничкиот факултет, кај Клиничката болница и кај Ветеринарната станица. Ќе направиме велосипедски патеки на улиците „Васко Карангелевски“, „Партизанска“ и булевар „Први Мај“. Сите овие мерки се стручно анализирани, точно пресметани и конкретно остварливи“, истакна Илиоски.

 

Потенцираше дека се’ што ќе прави, ќе прави отворено, транспарентно и во постојана консултација и партнерство со битолчани.