Илиоски: Заев се’ уште не сака да каже што прифатил од платформата

Пратеникот Зоран Илиоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ изрази жалење што Зоран Заев после сите повици како од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, од народот кој што секојдневно е на улиците, така и од пратениците од СДСМ, се’ уште не излегува да каже дека ја прифатил Тиранската платформа

-Иако пратениците од СДСМ јавно го повикаа Зоран Заев да излезе на говорницата и да каже што прифатил, тој се уште не најде да ги удостои ниту сите пратеници ниту македонската јавност која со право е загрижена, вели Илиоски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека СДСМ повторно се служи со истите сценарија како во минатото кога кукавички ги распродаваше националните и државните интереси и симболи како што се името, знамето и катастрофалната територијална распределба.