Илјада луѓе евакуирани во Италија поради шумски пожари

Околу илјада луѓе во неделата биле принудени да ги напуштат своите домови поради шумските пожари кои беснеат во северозападна Италија, пренесуваат тамошните медиуми.

Градовите Момпантеро, Венос и Суса и долината Суса, крај француската граница, се најтешо погодени од пожарот за кој се претпоставува дека е подметнат, пренесува италијанската новинска агенција Ansa.

Околу 200 жители се принудени на евакуација поради пожарите коишто беснеат со седмици наназад.

Според организацијата Verdi, оваа година во Италија досега изгореле повеќе од 135.000 хектари земја, што е трипати повеќе отколку изминатите години.

Пожарите помогнати од високите температури и невообичаено долгиот период без дожд последните месеци ги погодија и областите од централна и јужна Италија.