Илјадници Албанци протестираа во Приштина против Хашим Тачи

Илјадници Албанци протестираа во саботата во Приштина против косовскиот претседател Хашим Тачи барајќи повлекување од преговорите со Србија.

На снимките објавени на локалните телевизии се гледат демонстранти кои веат албански, американски и германски знамиња.

Демонстрантите во прв ред протестираат против актуелните косовски власти поради политичките и економски состојби на Косово. Бараат и да нема размена на териториите меѓу Србија и нејзината поранешна јужна покраина која во 2008 година еднострано прогласи незавосност, што беше споменувано како можно решение за ќорсокакот во кој западнаа преговорите за нормализирање на односите мешу Белград и Приштина. Демонстрантите, кои се претежно националистички определени, го обвинуваат Тачи за предавство на албанските интереси.

Албин Курти, еден од челниците на движењето Самоопределување рече дека „узурпаторот е заменет со нов узурпатор“ кој ја окупирал земјата, опишувајќи ја власта на коалицијата коајшто ја предводат поранешните герилски команданти Хашим Тачи и Даут Харадинај. Покрај тоа го обвини Тачи дека прави „болни копмромиси“ со Србија.

Тачи во саботата ненадејно престојуваше на акумулацијата Газиводе која е стратешка за северниот и останатиот дел на Косово и е една од спорните теми во српско-албанските преговори, каде што живеат етнички Срби. Престојуваше само петанесетина минути и потоа се врати на териториите на кои е мнозинско албанското население и притоа изјави дека тоа е територија на Косово, а на тоа претходеше заземање на браната од страна на шеесетина припадници на косовските специјални единици.

Како одговор на овој чин, Србија ја стави својата војска и полиција во состојба на висока борбена подготвеност.