Илјадници десничари на протести во Мадрид

Неколку илјади Шпанци демонстрираа против владата предводена од социјалистите, денеска во Мадрид на собирот организиран од маргиналните десничарски групи.

Учесниците на протестот се собраа пред шпанскиот парламент, а голем број учесници го носеа сегашното знаме на Шпанија, но исто така и знамето што важеше за време на фашистичката диктатура на Франсиско Франко. Тие извикуваа слогани против премиерот Педро Санчез, нарекувајќи го сепаратист поради неговата намера да се состане со сепаратистичките водачи во Каталонија.

Ниту еден од претставниците на главните политички партии не присуствуваше на протестот.

Санчез стана премиер претходно оваа година, откако поранешниот премиер Маријано Рахој ја загуби довербата на парламентот поради корупциски скандал во неговата Конзервативна народна партија.