Илјадници евакуирани од центарот на Берлин поради бомба

243

Во центарот на Берлин во петокот претпладнето започна една од најголемите евакуација поради наоѓањето на неексплодирана авионска бомба од Втората светска војна во којашто ќе бидат евакуирани повеќе од 10.000 луѓе, а со евакуацијата е опафатена и главната железничка станица.

Сојузничката авионска бомба со тежина од 500 килограми, којашто најверојатно е британска, е пронајдена во текот на изведување градежни работи на проектот „Еuropacity“, северно од главната железничка станица во Берлин, а експертите би требало да ја декативираат во текот на денот.

Во евакуацијата ќе бидат вклучени и неколку важни германски државни институции кои се наоѓаат во радиус од 800 метри од местото на кое е најдена бомбата, како што е Сојузната разузнавачка агенција (BND), две министерства, неколку домови за стари лица, како и дел од болницата „Charite“.

„Зборуваме за бомба со димензии 110 на 45 сантиметри, објект од голем калибар со потенцијал да предизвика сериозна штета во центарот на градот, тоа е причината зошто приоаѓаме со толкава претпалзивост“, изјавил портпаролот на берлиснакта полиција Винфрид Венцел.

Во прекин е и целиот сообраќај преку главната железничка станица, што во петокот предизвикува тешкотии меѓу другото и поради зголемениот број патувања во пресрет на викендот.

Сојузничките авион во текот на воздушната битка за Берлин во брзањето да го оневозможат влегувањето на советските трупи исфлриле над 45.000 тони бомби. Стручњаците проценуваат дека околу 20 отсто од бомбите не експлодирале.

Германските власти се под притисок дека мора да ги отстранат неексплодираните бомби од населените области, бидејќи стручњаците предупредуваат и тврдат дека бомбите со текот на времето стануваат сé поопасни поради заморот на материјалот и корозијата на нивните капсули.

Пронаоѓањето на неексплодираните авионски бомби од Втората светска војна е речиси вообичаено во Германија, врз којашто сојузничките западни и тогашните советски сили фрлиле милиони тони бомби кон крајот на војната. Секоја година во Германија се неутрализираат по околу 5.500 неексплодирани бомби и други експлозивни средства.

Неексплодираните бомби заостанати од сојузничките бомбардирања на тогашна нацистичка Германија кон крајот на Втората светска војна, често се наоѓаат во германските градови при градежни работи или одржување на инфраструктурата. Поради тоа, многу локални власти имаат специјални екипи задолжени за нивно откривање и безбедно детонирање.

Вкупно врз Германија за време на Втората светска војна биле фрлени повеќе од два милиона бомби, од кои меѓу 5 и 20 отсто, односно најмалку 100.000 не експлодирале. На неколку месеци, некогаш и почесто, при изведување градежни работи се откриваат вакви експлозивни направа. Вообичаено, властите објавуваат дека ниедна од нив не претставува реална закана за безбедноста на луѓето, и по неколку часа се неутрализирани.

Несреќен случај е забележан само во јуни 2010 година, кога експлодираше бомба од 500 килограми кај Гетинген, кога загинаа три а беа повредени две лица.

Најмногу бомби во Втората светска војна се фрлени врз германската престолнина Берлин – повеќе од 68.000 тони, Хамбург – 45.000 тони , како на територијата на Рурската област – 162.000 тони. Хановер, исто така, бил цел на чести бомбардирања на сојузничките воздухопловни сили во последните години од војната. Само на 9-ти октомври 1943 година врз овој град биле фрлени 261.000 бомби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.