Илјадници Срби учествуваа во вчерашните  протести против владата и власта на Србија

69

Жителите од целата земја се собраа на плоштадот  во центарот на главниот град Белград.

Претходно беше објавено дека ова ќе биде најголемата демонстрација против власта на  Србија и дури претпоставки дека насилно ќес е влезе во институциите.

Повеќето беа  млади демонстранти – на возраст од 20-30 години, кои категорично се изјаснуваат дека повеќе не сакаат да живеат под режимот на претседателот Александар Вучиќ.

Незадоволните бараа и оставки на премиерот Ана Бурнабиќ и на претседателката на парламентот Маја Гојковиќ.

Жителите носеа многу пароли, вклучувајќи ги и оние на кои претседателот Вучиќ   се изедначува со Адолф Хитлер, и севрнокорејскиот режим.

Демонстрантите велат дека нема да одат дома и вака ќе  протестираат секој ден додека не паднат владата и парламентот и во земјата не се закажат нови парламентарни избори.

Претставниците на протестот „Еден од пет милиони” порачаа дека се подготвени за разговор со надлежните органи и оти во следните денови ќе делегираат претставници за сите три предложени работни групи.

За започнување на дијалогот, ние не само што ги определивме претставниците на опозициските партии, туку и претставниците на здруженијата, беше нагласено од собирот.

Целта на организаторите на протестите е и да се покаже сила и масовност на демонстрациите, како и да го привлечат вниманието на меѓународната јавност.

Вучиќ, исто така, коментираше – според него, не треба да има начин да се отстапи пред како што тој вели насилството и фашизмот во земјата.

“Време е некој да работи за иднината на Србија”, рече тој во својот говор на митингот во неговата поддршка во Нови Сад, во организација на Српската напредна партија.

Skin Delight

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.