Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ повторно ќе ја отвори фабриката во сојузната држава Калифорнија, објави неговиот прв човек Илон Маск, најавувајќа ја со тоа директната конфронтација со тамошните власти околу рестриктивните мерки преземени за спречување на епидемијата на коронавирусот.
Маск минатиот викенд се конфронтираше се локалните здравствени власти во округот Алмида, и се закани преку социјалните мрежи дека седиштетот на компанијата ќе го пресели во Тексас или во Невада. Притоа најави и тужби за властите во Калифорнија.
Во друга објава на Twitter, Маск потсети дека автомобилските компании во другите делови од САД веќе добиле дозволи за продолжување на прозиводството, додека прописите во округот Аламида тоа сѐ уште не го дозволуваат.
Маск сака фабриката на „Tesla“ во Фремонт веднаш да започне со производство, но локалните функционери го одложија отворање за околу една седмица, за да бидат сигурни дека ширењето на коронавирусот е запрено. Поради тоа Маск најави повторно отворање на фабриката, а компанијата ги повика работниците да се вратат на работа.
„Tesla денеска повторно го покренува производството спротивно на прописите на округот Аламида. Ќе бидам на удар, како и сите други. Ако некој мора да биде уапсен, барам тоа да бидам само јас“, објави Маск на Twitter.
Други окрузи во Калифорнија веќе овозможија повторно отворање на некои фабрики. За да ги стивне тензиите меѓу компаниите и локалните функционери, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, најави дека „Tesla“ и другите производители ќе може повторно да ги отворат фабриките веќе следната седмица.
„Убеден сум, се надевам и очекувам дека производството ќе може да продолжи уште следната седмица“, изјави Њусом.
Истакна дека Калифорнија со години ги помага компаниите, а за возврат имала полза од фактот дека на нејзината територија се произведуваат луксузни електрични автомобили.
Калифорнија е најголемата економија во САД, а многу аналитичарија вбројуваат на петтото место на листата глобално најсилни економии. Компанијата „Tesla“ е последната во низата произведувачи на автомобили кои се одлучија за производство во оваа американска сојузна држава.
Не е познато што управниот одбор мисли за истапот на Маск. Ексцентричниот милијардер во повеќе наврати се најде под критики поради своит објави на социјалните мрежи, но и натаму е шеф на компанијата. На почетокот од годината Маск ја минимизираше сериозноста на пандемијата, заговарајќи ја теоријата дека Covid-19 може да се лекува со антималариски лекови. Рестириктивните мерки за сузбивање на епидемијата ги нарече „фачистички“, заложувајќи се за нивно укинување.