Илон Маск e повторно најбогат човек на светот

Илон Маск си ја поврати позицијата на најбогат човек на светот, пишува CNN.

Според „Bloomberg Billionaires“, нето вредноста на извршниот директор на „Tesla“ сега е околу 192 милијарди долари, во споредба со 187 милијарди долари на извршниот директор на „LVMHF“, Бернард Арно.

Двајцата центи-милијардери, термин кој се користи за луѓе со богатство од повеќе од 100 милијарди долари, беа на првото место со месеци.

Оваа недела, богатството на Арно падна откако акциите на „LVMH“ паднаа во средата, според податоците на „Блумберг“.

Арно го престигна Маск во декември, бидејќи неговото богатство порасна поради бумот на луксузни стоки што помогна да се подигне цената на акцијата на „LVMH“. LVMH, еден од најголемите светски конгломерати, е дом на брендови како Луј Витон, Диор и Селин.

Најголемиот адут на Маск се акциите на компанијата, од кои тој поседува околу 13 отсто, наведува „Блумберг“.

Освен Тесла, Маск е и извршен директор на „SpaceX“, компанија за истражување на вселената и сопственик на социјалната мрежа „Твитер“.

Акциите на „LVMH“ годинава пораснаа за 19,7 отсто, додека на „Tesla“ за 65,6 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.