Илон Маск влезе во тројката најбогати луѓе на планетата според Bloomberg

772

Американскиот претприемач Илон Маск се проби на третото место на листата најбогати луѓе на светот, пред основачот на „Facebook“, Марк Цукерберг, објави во понеделникот деловната новинска агенција Bloomberg.

Според процените на експертите на агенцијата, во понеделникот богатството на иноваторските технолошки компании за електрични автомобили „Tesla“ и за повеќекратни вселенски летала „SpaceX“ надминало 111,3 милијарди американски долари. Тој го надмина Цукерберг, чиешто богатство во понеделникот е проценето на 110,5 милијарди долари.

Според рангирањето на Bloomberg, второто место на оваа листа го зазема основачот на технолошкиот гигант „Microsoft“, Бил Гејтс со 125 милијарди долари, а на врвот е основачот на најголемата интернет продаваница „Amazon“, Џеф Безос. Неговото богаство Bloomberg го проценува на рамно 200 милијарди долари.

Во прилогот на агенцијата се истакнува дека главниот фактор на зголемувањето на богатството на Маск е остриот раст на цената на акциите на „Tesla“. Според процените на Bloomberg, од почетокот на годинава нивната вредност се зголемила за дури 475 отсто, зголемувајќи го богатството на својот основач за 76 милијарди долари.

Компанијата „Tesla“, Маск ја основаше во 2003 година под првичниот назив „Tesla Motors“, но подоцна беше скусено во сегашното име. Првично компанијата беше специјализирана само за производство на електрични возила, но подоцна започна и со производство на соларни панели и други системи за складирање енергија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.